Домашен здрав кечап

Состојки:

Домашен здрав кечап

6 кг домати јабучарки
1 кг меснати црвени пиперки
6 средни главици кромид
5 чешниња лук
2 китки магдонос
100 г шеќер
3 лажици сол
1 ќесичка цимет
неколку мелени зрна каранфилче
1 дл оцет

Подготовкa:

Доматите измијте ги па исечете ги на четвртини. Пиперките измијте ги, исчистете ги од семето и исечете ги на неколку делови. Кромидот исечете го на четвртини. Исчистете го лукот, измијте го магдоносот и се заедно варете 10-тина минути. Процедете и испасирајте го добро зеленчукот за да искористите што повеќе од него.

По пасирањето можете целата смеса и да ја изблендирате. На смесата додајте и ги шеќерот, солта, циметот и каранфилчето, и варете на среден оган. На почетокот на варењето смесата ќе се пени и крева, па мора да мешате за да не протече, а по 10 минути можете слободно да ги оставите доматите да се варат и само одвреме-навреме да мешате.

Смесата варете ја без капак околу еден час. Готово е кога смесата ќе биде редуцирана отприлика половина од првобитната количина на смесата на почетокот. Пред крај додајте го оцетот и варете уште 10-тина минути со непрекинато мешање (бидејќи ќе почне да прска).

Врелиот кечап сипете го во врели стаклени шишиња, потоа шишињата обвиткајте ги во ќебе и оставете ги до наредниот ден да се излади.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.