Домашен леб за 15 минути

250 г интегрално брашно
250 г бело брашно
300 мл млака вода
3 лажици маслиново масло
1 прашок за печиво
1 лажица мед
1 лажичка сол
Во длабок сад измешајте ги двата вида брашно, солта и прашокот за печиво. Додадете ги маслото, водата и медот, и замесете тесто. Ставете го тестото на набрашнета работна маса, уште еднаш размесете го и обликувајте векна. Ставете ја во тава, обложена со хартија и печете 30-тина минути на 200 степени.

Loading...