Домашен сладолед од кајсии

Loading...

450 г кајсии
120 мл вода
100 г шеќер
250 мл слатка павлака
1/2 лажичка екстракт од ванила
неколку капки лимонов сок
Исечкајте ги кајсиите на парчиња, па заедно со водата ставете ги да зовријат. Покријте го тенџерето со капак и оставете кајсиите да отстојат 10-тина минути. Повремено промешувајте додека не омекнат. Откако кајсиите ќе омекнат измикајате ги во блендер.
Слатката павлака изматете ја со шеќерот. Додадете ги екстрактот, лимоновиот сок и измиксаните кајсии. Повторно измиксајте за да добиете хомогена смеса. Ставете ја во сад, па во замрзнувач и сервирајте го сладоледот со кришки кајсии.

 

loading...