Домашен „тест за коронавирус“: Помирисајте ги овие две намирници – доколку не го чувствувате мирисот тогаш нешто не е во ред

Loading...

Истражувањето дало загрижувачки, но ефикасни резултати кои што во исто време се одличен показател за коронавирусот.
Губењето на сетилото за мирис и вкус е најчестиот и најлесно забележлив симптом на коронавирусот, а во исто време е и еден од најнеобичните. Еден тест може да си го направите сами дома, а тој ќе открие многу.
Кај речиси 25 отсто од заразените луѓе, губењето на сетилото за мирис и вкус бил првиот и единствен знак кој што сигнализирал дека нешто не е во ред.
Со оглед на тоа што овој симптом може да укажува на Ковид-19, спроведеното истражување во текот на кое што испитаниците детектирале одредени мириси открило многу. Заразените луѓе најчесто не можат да почувствуваат два мириса.


Истражувањето било спроведено во Индија, каде шо истражувачите откриле дека заболените од Ковид-19 кои што го изгубиле вкусот и мирисот не можеле да ги почувствуваат мирисите на ментол и кокосово масло.
Истражувачкиот тим прегледал вкупно 25 мириси, избирајќи 5 за експериментот…
Од петте мириси, ментолот и кокосовото масло биле погрешно идентификувани кај заболените од Ковид-19 или пак воопшто не можеле да ги идентификуваат.
Овој тест може да го спроведете и дома. Доколку ги немате овие две состојки тогаш тоа може да го направите со кафе и лук.
Значи, упатете се до вашата кујна и помирисајте ги тие две состојки.
Освен овие две состојки, дека нешто не е во ред може да ви укажат и други работи. Така на пример доколку се туширате и не го почувствувате мирисот од шампонот, тоа не е добар знак. Доколку сте целосно здрави треба да можете да го почувствувате мирисот на лимон, портокал или пак лимета.

loading...