Домашната платежна картичка најмногу користена за во маркети

Loading...

Граѓаните кои добија „домашна платежна картичка“, најмногу пазареле во маркетите (89 проценти), потоа во ресторани, за облека и обувки, мал дел за во аптеки. Министерката за финасии Нина Ангеловска на официјалнито Фејсбук профил напиша дека околу 305 илјади граѓани користат домашна картичка и дека заклучно со 1 август доделени се картички во вредност од 26,7 милиони евра. Корисниците на картичките до тој датум потрошиле околу 23 милиони евра.
Со картичките реализирани се над 1,7 милиони транскации.


Граѓаните кои се корисници на вакво тип на картичка, а кои ја немаат подигнато може тоа да го сторат до 15 август.
„Купувајте домашно“, ама изборот паѓа на странско
Како дел од третиот сет економски мерки што ги презема Валдата за спрачување со последиците од кризата предизвиката од ковид-19 врз економијата се и домашните платежни картички. Ваква картичка добија луѓе со ниски примања, граѓани со мали плати, ученици и студенти и здравствени работници кои се ангажирани во справување со коронавирисот.

loading...