Дома, на работа или во маркет? Експертите откриваат каде најлесно можете да се заразите со коронавирус

Loading...

Повеќето држави ширум светот почнаа со попуштањето на строгите мерки за заштита од новиот коронавирус ковид-19, но експертите за здравје советуваат дека и понатаму треба да бидеме внимателни, за да не ескалира ситуацијата повторно. Во тој контекст, корисно е да се знае кои се најголемите жаришта на коронавирус, односно каде најлесно можете да се заразите и на што треба особено да внимавате…
Каде најчесто се случува заразувањето?
Статистичките податоци покажуваат дека најголемиот број од луѓето се заразуваат во своите домови. Тоа се случува кога еден член на семејството ќе се зарази надвор од домот и потоа ќе го пренесе вирусот на еден или повеќе членови на семејството. Во домот заразувањето оди најлесно, бидејќи се работи за затворен простор во кој двата главни начини на ширење на вирусот се највозможни – директен контакт и загадени површини.


Но колку се безбедни помалите продавници, маркетите и активностите што уживаме да ги извршуваме надвор, како што се возењето велосипед, трчањето и прошетките?
Она што треба да го знаете е дека за да се заразите, треба да бидете изложени на инфективна доза на вирусот, а таа во овој случај изнесува 1000 инфективни единици.
Па, во кои случаи постои поголема инфективна доза на коронавирус?
Тоалет – ризикот од заразување во тоалет може да биде голем, бидејќи тука има многу површини што често се допираат. Освен тоа, иако сѐ уште не е докажано, можно е вирусот да е присутен и во фецесот, па пуштањето вода може да предзвика распрскување на вирусните честички во средината. Затоа, најдобро е да ги одбегнувате јавните тоалети.
Кашлање и кивање – при едно кашлање се ослободуваат 3000 секретни капки, кои се движат со околу 80km/h, додека при кивањето се ослободуваат 10 пати повеќе капки, со 4 пати поголема брзина. При кивањето капките се полесни, па можат и подолго да останат во воздухот. Капките од кашлањето полесно се налепуваат на површините.
Обичен здив – при самото дишење, исто така се испуштаат неколку стотици, па некогаш и до неколку илјади секретни капки. Сепак, коронавирусот кој најмногу се наоѓа во долните дишни патишта, на овој начин тешко може да биде исфрлен во средината.

Заклучокот е дека за да се заразиме, потребно е да бидеме изложени на вирусот доволно време.
Кога заразениот ќе кивне или ќе се искашла, околу 200 милиони вирусни единици се распрскуваат насекаде. Некои од нив завршуваат во воздухот, некои на одредени површини, а најголемиот дел паѓаат на подот. Значи, ако разговараме со некого, лице в лице, и тој кивне или се искашла директно во нас, јасно е зошто постои голема веројатност за зараза.
Но, дури и ако кивањето не е директно насочено кон нас, одредени инфективни капки, можат да се задржат во воздухот и до неколку минути. За да се заразите, доволно е да влезете во просторија во која некој кивнал пред неколку минути и да земете воздух неколку пати.
Преку обичното дишење, се емитуваат околу 20 вирусни единици во минута, што значи потребни се 50 минути за заразеното лице да ослободи инфективна доза. Според таа логика, потребни се најмалку 50 минути престојување во просторија со заразен човек, за да се пренесе вирусот. Но, под услов секоја вирусна единица да ја вдишиме и да дојде до белите дробови, што е невозможно, значи потребно е доста подолго време.
Зборувањето го зголемува бројот на емитираните респираторни секретни капки за околу 10 пати, значи теоретски, потребни се најмалку 5 минути за заразна доза при разговорот лице в лице.

loading...