Пратките од Тему и АлиЕкспрес до 22 евра ќе бидат оданочени. Со промените се отстранува досегашното ослободување од ДДВ за пратки со мала вредност до 22 евра доставени од странство до граѓаните во земјата. Новото решение предвидува ослободување само за мали некомерцијални пратки од едно физичко лице до друго, со вредност што не надминува 22 евра.
Нема ослободување за алкохол, парфеми и тутунски производи. Ослободувањето од ДДВ ќе важи и за патници кои носат лични предмети или стоки со мала вредност кои не се од комерцијална природа, но не и за оние кои влегуваат неколку пати во истиот ден.
„Главната причина за изменување и дополнување на законот за данок на додадена вредност е да се создаде појасна правна рамка, да се спречат злоупотреби, да се создадат пофер услови за бизнисите, а воедно да се задржи можноста граѓаните да примаат лични пратки од странство до 22 евра без плаќање ДДВ, што е од големо значење од социјална перспектива“, рече Николче Јанкуловски, заменик-министер за финансии.
Пронајдете не на следниве мрежи:



