Доста веќе со наметнати лажни величини!

Loading...

Мене ми замеруваат зошто Мицкоски го пишувам професоре,некои и во коментари! Затоа што Мицкоски не може со месеци да разбере дека не е професор аналитичар како многумина,кои кажале став па порекле,никаде одговорност! Не може да разбере дека треба да делува!
Бунтур му ровари со месеци ништо!

Митко Кожувчанка му повикува на излезност ништо!

Пратеничка јавно кажува дека треба да се обединиме околу националните прашања ништо!
Јавна тајна е дека му купуваат пратеници ништо!
Бивши членови,видни функционери, профитери од партијата повикуваат на излезност ништо!
Никаква реакција!
Го молевме зимоска да не поддржи за протестот за Името ништо!
Истите приказни како сега!
Не смеел ќе ја уништеле партијата!
Седумдесет посто од симпатизерите и членството го молеше за Бојкот ништо!
Не ги послуша!
Одбра да цитира Великан, да паѓа на колена но не и да каже Бојкот!
Мене професорот со вакво кукавичко однесување претседател не може да ми биде НИКОГАШ!
За лидер па да не трошам зборови!
Има личности, деца на ВМРО ДПМНЕ,секој со своите доблести и мани, кои смеат и јавно кажуваат Бојкот!
Сега за сега тоа се Антонио Милошоски и Филип Петровски!
Се надевам дека ќе има уште некој! Само некој од нив може да биде мој Лидер!
Не ми е важно име и презиме!
Идејата ми е важна!
Доста веќе со наметнати лажни величини!

ФБ статус на Дејан Гавровски

loading...