ДОЈАВА ЗА ПОДМЕТНАТИ БОМБИ: пет училишта во Скопје се евакуирани

Дојавите, се доставени до СВР-Скопје и веднаш до добиените пријави се евакуирани учениците и вработените.

ДОЈАВА ЗА ПОДМЕТНАТИ БОМБИ: пет училишта во Скопје се евакуирани

По добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Едно од училиштата е СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, а неофицијално станува збор и за гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.