Во речиси сите основни и средни училишта во Штип има дојави за бомби по електронски пат. Учениците се евакуирани и има проверки на објектите од страна на полицијата. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека станува збор за лажни дојави на бомби.
-Наставата продолжува да тече, нормално пријавено е во сите релевантни институции, СВР-Штип се на терен во сите училишта да ги извршат своите потребни контролни мерки. Ве уверувам дека станува збор за сајберски напад, кој има цел да предизвика немир кај наставниците и учениците и прекин во наставата, вели Јорданов.
Дојавите за бомби се добиени преку електронска пошта. Наставата за учениците во Штип ќе продолжи.