До среда пеколни температури во Македонија- за време на викендот пресврт во времето, но во и температурите

Loading...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Утре и во среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски, и тоа за сабота максимална температура се очекува да биде 36 степени, а во недела 35 степени Целзиусови.
Според долгорочната температура следува и целосен пресврт во однос на температурите со оглед на тоа дека летото веќе календарски започна.
Следува и период со над 40 степени целзијусови.

loading...