До 2030-та година: Паметните телефони ќе спасуваат животи на прерано родените бебиња

Кој вели дека паметните телефони не можат да спасуваат животи? Здравствените работници во Индија и Уганда ќе бидат опремени со паметни телефони и таблети кои ќе се користат за обработка на податоци, мапи на ризик и социјални мрежи за да ги спасуваат животите на мајките и новородените бебиња.
Проект вреден 100 милиони долари ќе биде финансиран од страна на филантропската Рокфелер фондација, Светската здравствена организација, УНИЦЕФ, Светската банка и други. Ќе се прошират во уште 10 земји со цел спречување на смртта кај прерано родените бебиња, а ќе опфатат 6 милиони мајки и бебиња до 2030-та година.


„Планот е здравствените работници да имаат пристап на скапите бази на податоци и алати кои ќе им помогнат да соберат знаење со кое е потребно да се фокусираат на заедниците и семејствата кои се изложени на најголем ризик“ – изјавил Раџ Шах, претседателот на Рокфелер кој е глвен на овој проект и ќе донира 60 милиони долари од вкупно 100.
Овој проект ќе помогне во креирање мапи за загрозените категории за на здравствените работници да им се помогне навреме и побрзо да дојдат до мајката и децата на кои им треба помош.
„Пред само неколку години, здравствените работници немале потребна технологија. Воглавно работеле “на слепо“. Денес поголем дел од нив имаат паметни телефони со податоци од софтверска технологија со која може да работат многу подобро“ – додал Шах.
Иако сега грижата за мајките и децата е многу подобра, сè уште едно бебе или мајка умираат на секои 11 секунди некаде во светот. Процентот на мајки кои умираат е 50 пати поголем во субсахарските земји отколку во богатите земји, а нивните бебиња имаат

Loading...