Драги Ѓеоргиев инкасирал 80.000 евра за водењето на комисијата што ја „пегла историјата“

Да, да неверојатни 80 илјади евра инкасирал за своето учество во комисијата што ја „пегла историјата“ јавија повеќе медиуми повикувајќи се на Законот за достап до информации од јавен карактер.

Драги Ѓеоргиев инкасирал 80.000 евра за водењето на комисијата што ја „пегла историјата“

Она што зачудува е дека се знае дека негова специјалност воопшто не е периодот од историјата за кој што ја води комисијата.

Еве што пишува во биографијата која ја има објавено МАНУ: По враќањето во Скопје магистрирал во 1995 година на катедрата по исто­рија на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема „Скопје од турското освојување до крајот на XVII век“. Истата година бил избран за асистент во Одделението за османо-турски период во Инсттитутот за национална историја. Во 2004 година на Уни­вер­зитетот „Св. Кирил и Мето­диј“ во Скопје ја одбранил докторската дисертација „Населението во маке­донско-албански пограничен појас во XV и XVI век“. Научноистражувачката дејност на доп.член Ѓоргиев е фо­ку­сирана на проучување на османлискиот период!

По објавувањето на астрономските суми кои се одвоени за него и целата комисија уследија многу реакции од јавноста.

240000 евра инкасирале членовите на историската комисија за да удоволат на Бугарите
24000 жртви дала денешна Македонија во борба против фашизмот
Што ќе рече, животот на секој еден загинат партизан за слобода, го продале за помалку од десет евра
Ете толку вреди живот даден за слобода…

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.