На социјалните мрежи се појави видео од експлозија во станбен облакодер во Киев.
На видеото се гледа како проектилот ја погодува зградата, по што следи огромна експлозија и голем облак чад.
Да потсетиме, најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во денешниот најголем руски напад врз неколку украински градови. Само во Киев загинаа осум лица, а најмалку 30 се повредени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека, според проценките, Русија денеска лансирала околу 150 проектили во најголемиот воздушен напад врз Украина и дека повеќето од нив биле соборени. Зеленски додаде дека Русите „го испукале речиси секое оружје што го имаат во својот арсенал“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.In Kyiv, a shot down Russian missile hit the top of a high rise building on its way down. pic.twitter.com/YGb2cUKISN
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) December 29, 2023