Драма во авион: Патник извадил пиштол и среде лет се заканувал дека ќе ги убие сите

Неколку минути откако авионот полетал од меѓународниот аеродром Тонконтин во Тегусигалпа, главниот град на Хондурас, патник извадил пиштол и почнал да се заканува дека ќе ги убие другите патници, објави денеска Мирор.

Персоналот успеал да го совлада патникот пред некој да биде повреден.

Капетанот на авионот го пренасочил леталото од маршрутата на летот до островското одморалиште Роатан и се вратил на аеродромот во Тегусигалпа по инцидентот.

Националните полицајци се качиле во авионот откако безбедно слетал на аеродромот, а осомничениот веднаш бил уапсен.

Пронајдете не на следниве мрежи: