Драма кај Иванов! Димитров и Заев си отишле како попарени

Двоецот Заев и Димитров биле ладно бањати кај Иванов. Имено историски кратката средба од само две минути, според наши извори од кабинетот била искористена да им се каже дека одлично се покажале во улогата на Коте од Руља. И дека сега се вистински претенденти да им се изгради споменик воГрција. Се шушка и дека им било сугерирано да го прочитаат Каравангелис, кој детално опишува како го поткупил Котета…
Не знаеме дали Димитров ја има читано автобиографијата на Каравангелис, но се сеќаваме на колумната на татко му кој своевремено колнеше да му се исушат рацете на тој што ќе го промени името. Изгледа ѓавол ни ора ни копа. Па да видиме сега како ќе се одвиваат клетвите.
Во меѓувреме Иванов добива се поголема поддршка од Македонците, а за вечерва е најавен голем протест.