ДРАМА НАД БАЛТИКОТ: Авион Цесна падна во морето кај брегот на Латвија!

Патничкиот авион „Цесна“ кој попладнево го разбрануваше Западна Европа, вечерва се урна во морето во близина на брегот на Латвија. Авионот прво изгубил висина и се спуштил од 11 километри на шест, кружел 20 минути и паднал во морето.

ДРАМА НАД БАЛТИКОТ: Авион Цесна падна во морето кај брегот на Латвија!

Имено, на оваа трагедија во која, според шведските медиуми, имало четири лица, и претходел обид да се пресретнат германски борбени авиони Торнадо, на кои им се придружил данскиот Ф-16. Авионот го напушти германскиот воздушен простор нешто пред 19 часот и полета во близина на брегот на Шведска.

Она што е познато, според Билд, е дека авионот полетал од аеродромот Хрезе на југот на Шпанија, а наведената дестинација била Келн. Меѓутоа, по напуштањето на шпанскиот аеродром, контактот со авионот бил изгубен.

Што се случува во авионот засега е непознато. Според шведската новинска агенција ТТ, се вели дека во авионот имало четири лица. Шведската крајбрежна стража е во подготвеност и испрати хеликоптер да ја следи ситуацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.