Драма на аеродром во Амстердам, се судриле два авиона

На аеродром во Амстердам се случил инцидент во кој се судриле два патнички авиона. Засега нема информации за причинетата штета или евентуални жртви. Крилото на авион на компанијата EasyJet Airbus A320 удрило во задниот дел на авион на KLM Boeing 737, јавуваат светските меиуми. Кога се случил инцидентот леталото на EasyJet се подготвувало да полета за Лондон, додека авионот на KLM штотуку слетал од Мадрид.
Патниците од авионите на социјалните мрежи веднаш почнале да оставаат коментари. “Крилото на нашиот авион е на опашката на KLM-овиот авион напишал еден патник од авионот на EasyJet.