Драма на Самос: Голем пожар во кампот, властите ги евакуираат мигрантите

Грчките власти го евакуирале преполниот прифатен центар на егејскиот остров Самос каде избил голем пожар по конфликт на мигрантите кои се сместени таму.
Полицијата наведува дека немало повредени во пожарот во кампот Вати, каде во објект предвиден за неколку стотини живеат повеќе од 4.000 мигранти.
Како што е соопштено, причината за пожарот кој избил по конфликт на мигранти од Авганистан и Сирија не е позната, пренесува “АП“.
Конфликтот настанал после тепачка меѓу Авганистанци и Сиријци, во која се повредени три лица.

 

Loading...