Дрвокрадците што нападнаа полицајци заработија 30 дена притвор

Loading...

Дрвокрадците што нападнаа полицајци заработија 30 дена притвор

Судот во Прилеп, на предлог на јавното обвинителство одреди 30 дена притвор на десетмината дрвокрадци кои ги нападнаа полициските службеници на патот Велес- Прилеп.

Против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43), С.М.(57), Ѓ.А.(21), Р.В.(30), Е.В.(29), И.В.(52) од Прилеп ќе има судски процес според член 383 став 3 од Кривичниот законик.

Во случајов се повредени 5 полицајци, додека еден е во критична состојба во клиничкиот центар во Скопје.

Што се случило?

На 24.09.2020 околу 20.00 часот, полициски службеници од Полициско одделение Чашка, додека вршеле службени дејствија на стариот пат Прилеп-Велес, сопреле за проверка три патнички моторни возила, без регистарски ознаки, при што едното возило избегало. Останатите две возила биле натоварени со огревни букови дрва, кои од страна на полициските службеници биле одземени. Притоа наишла поголема група граѓани, меѓу кои и десетте пријавени лица, кои почнале агресивно да се однесуваат и игнорирајќи ги усните наредби, со тврди предмети ги искршиле стаклата од полициското службено возило. Првопријавениот со тврд предмет го нападнал полицискиот службеник Д.Ц., а потоа останатите пријавени ги нападнале неговите колеги, по што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух и пријавените се повлекле. Повредениот Д.Ц. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, а четири полициски службеници се со телесни повреди – стои во соопштението на МВР.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...