Дугин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

По неколкумесечни граѓански протести во Србија, на кои се собраа илјадници незадоволни граѓани низ целата земја, политичката сцена останува длабоко поделена, а насоката на понатамошниот развој е неизвесна.

Иако демонстрациите започнаа како мирен израз на незадоволство од владата и повик за институционални промени, последниот митинг на Видовден донесе дополнителни тензии и отвори нови прашања за иднината на движењето и политичките алтернативи, пишува нова.рс

Во таков амбиент , изјавата на рускиот ултраконзервативен идеолог Александар Дугин привлече внимание.

За жал, во време на поделби во општеството, Вучиќ може да смета на поддршката од своите соработници и моќна поддршка од Москва. Сепак, опасен сигнал дојде од главниот идеолог на рускиот крајно десничарски круг, Александар Дугин, кој во програма на радио „Спутник“ изјави:

„Легитимитетот на Вучиќ исчезна. Сите Срби сакаат Вучиќ да си замине… Мислам дека овие протести се насочени кон тоа Вучиќ едноставно – да исчезне. Нема компромис, Вучиќ мора да си оди.“

Таквата изјава, од руските ултраконзервативни кругови, јасно зборува за слабоста на позицијата на Вучиќ – внатрешно колку и надворешно, пренсува нова рс.

Пронајдете не на следниве мрежи: