Дудинките ја јакнат крвта, ова се причините поради кои треба да ги јадете

Loading...

Ова овошје е богато со железо и е од витално значење за одржувањето на бројот на црвени крвни зрнца и за спречување на анемија.
Тие содржат 1.85mg на 100 грама дудинки, што е 23 отсто од препорачаната дневна доза, а количината е еднаква како да сте изеле еден телешки стек.
Дудинките исто така се добар извор на витамин Ц и имаат високо ниво на ресвератрол, антиоксиданс кој се наоѓа во црвено вино, за кој се верува дека го “чисти” телото од штетни материи.
Испитувањата кај стаорците покажале дека ресвератролот е ефикасен во борбата против рак на кожата, белите дробови и простата.

loading...