Дури 8.000 луѓе чекаат да отпатуваат во вселената

Loading...

Компанијата за вселенски туризам, Virgin Galactic во 2020 година планира да ги испрати своите први клиенти во вселената.
Од компанијата најавија дека поради зголемата побарувачка за карти, двојно е зголемен бројот на резервации во однос на септември во 2019 година.
Како што пренесува Hina, на листата на чекање има 7.957 заинтересирани кандидати.
Иако сè уште не се познати цената и датумот, картите за првиот комерцијален лет се распродадени.
Засега, компанијата има 603 фиксни резервации од 60 земји во светот по цена од 250.000 долари, но Virgin Galactic и понатаму на листата за чекање ги впишува резервациите на заинтересираните авантуристи.
Меѓу познатите личности кои купија карти се Џастин Бибер и Леонардо Дикаприо.
За прошетката на туристите во вселената ќе бидат задолжени компаниите SpaceX и Blue origin.

loading...