Дурловски побара протести за ослободување на Ламбе Алабаковски

На својот твитер профил Дурловски побара протести за ослободување на Ламбе Алабаковски.

Статус на Игор Дурловски

Претходно МВР извести дека го расчистиле подметнувањето на пожарот во Битола, во клубот Ванчо Михајлов и дека го уапсиле Ламбе Алабаковски.

На 07.06.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола e лишен од слобода Л.А.(34) од Битола.
Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, со наредба од Основен суд Битола, извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.
Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик.

Повеќе за случајот прочитајте подолу на линкот:

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.