Душко замина за Кина, Јелена остана сама: Фановите ја осудуваат пејачката во врска со односот кон нејзините ќерки по смртта на нивната баба

Пејачката Јелена Карлеуша точно пред една недела засекогаш ја изгуби својата мајка Дивна Карлеуша, а пејачката и по една недела не може да си дојде на себе, пренесуваат српските медиуми.
Нејзиниот сопруг Душко Тошиќ им се врати на професионалните обврски во Кина, додека нивните две ќерки и понатаму се одвоени од семејниот дом и не се покрај нивната мајка.


Пејачката, како што пишуваат медиумите се уште не е во можност да се сретне со своите ќерки, а исто така ниту нејзината тетка Даниела која е сестра на Дивна ги нема видено децата на пејачката бидејќи се уште не се подготвени за тој чин. За потсетување, Дивна почина на 61 година по долгата борба со тешката болест.
Инаку некои од фановите ја осудуваат пејачката бидејќи се уште им крие дека нивната баба е почината.

Loading...