Дуња – моќно овошје од кое може да се направат најразлични рецепти

Loading...

Дуња – миризливо и здраво овошје кое освен за подготовка на вкусна зимница се користи и како природен лек за многу болести. Од нејзиниот плод може да подготвите многу вкусни џемови или компот, а од листот се прави чај кој е многу здрав за целиот организам.
Руски професор откри како треба да се подготви чај кој ги решава проблемите со дијареја.
Чај против дијареја
Потребни состојки:
1 лажица суви листови од дуња
1 чаша вода
Начин на подготовка:
Лажичка со листови од дуња прелијте ги со чаша вода. Оставете да отстои 30 минути. Процедете го чајот и пијте го додека е топол. Се препорачува да пиете до две шолји чај дневно.
Компот од дуњи


Потребни состојки:
2, 3 зрели дуњи
2 литри вода
Начин на подготовка:
Исчистете ги дуњите, излупете ги и исечете ги на коцки. Ставете ги во вода, а потоа на шпорет. Откако ќе зоврие водата оставете ја да врие десетина минути на средна температура.
Со вилушка проверете дали дуњата е варена, ако е мека – компотот е готов. Откако ќе се излади додајте мед.
Сируп за бронхитис
Издробете 5 г семки од дуња и прелијте ги со 100 мл вода. Кога ќе се создаде густа смеса, додадете 100 г мед.
При воспаление на дебелото црево
Помешајте 20 г ленено, семе од дуња и плодови од боровинка и прелијте ги со половина литар ладна вода. Оставете 3 часа, мешајте што почесто, потоа загрејте во покриен сад додека да почне да врие. Оставете да се олади и пијте 3-4 пати дневно по 1 чаша половина час пред јадење.

loading...
Loading...