Еве зошто Аца Лукас остана покус за 100.000 евра, му пропадна турнејата во Австралија!

Loading...

На 25 септември, само пет дена пред да тргне за Сиднеј на познатиот пејач му стигнало извесување дека му е укината визата издадена на 28 мај годинава затоа што пријавил дека не е кривично осудуван.
Аца Лукас кој вчера со својот бенд требаше да тргне на турнеја во Австралија мораше да го откаже патувањето и остана покус за 100.000 евра. Проблемот настанал затоа што по дополнителна проверка е утврдено дека е кривично осудуван, а тој пријавил дека не е, јавуваат српските медиуми.
Се било подготвено, билетите во локалите во кои требало да пее распродадени уште првиот ден по пуштањето во продажба, авионските билети купени, хотелите букирани, накусо се организирано на највисоко ниво. Турнејата со неговиот бенд требало да почне и да се заврши во Сиднеј, а планиран бил и настап во Мелбурн  и тоа во гламурниот павилјон Кенсингтон. Проблемот настанал затоа што Лукас погрешно одговорил на прашање во апликацијата:
– Дојде до забуна во делот каде што било прашањето дали е кривично осудуван. Лукас навел дека не е затоа што мислел дека прашањето е дали во моментот е кривично гонет. Не зборува перфектно англиски, па заради тоа и настана проблемот. Тој одговорил со “не“, затоа што во моментов против него не се води ниту една кривична постапка, а познато е дека беше кривично осуден на 10 месеци условно кога призна вина за семејно насилство, наведува изворот.
Единствено што останува нејасно е како со таков одговор Австралијанците му одобриле виза на 28 мај, а ја поништиле на 25 септември, за што е известен еден ден подоцна, само пет дена пред да појде на пат. Што всушност се случило не е познато, но Лукас со својот тим сигурно ќе се обиде да добие одговор на прашањето зошто му се укинува уредно добиена виза.

 

loading...