Еве зошто ви се прават дупчиња на облеката и како да го решите тој проблем

Loading...

Си дозволивте да се почестите со убава маица или кошула, но по неколку недели, одеднаш имате дупки во долниот дел, буквално од никаде. Првото нешто што можеби ќе помислите е дека вашата кошула има молци, но станува збор за нешто сосема друго.
Како што вели Бајард Винтроп за Redonline, основачот и извршниот директор на фирмата American Giant, работ на кошулата е прилично деликатно подрачје: „Ткаенината постојано го трие појасот, панталоните и другата облека на овој дел.“


„Триењето кое се повторува со текот на времето предизвикува распаѓање на ткаенината. Вистинскиот виновник обично е квалитетот на самата ткаенина”, вели Винтроп, што значи дека треба да инвестираме во квалитетни модни парчиња.
Од друга страна, ако вашата маица, кошула или џемпер има дупки во други делови, веројатно се работи за молци или се оштетени при перење во машината за перење.

loading...