Еве зошто е добро да имате растенија во спалната соба

Loading...

Ако имате проблем со спиењето и сакате да го подобрите квалитетот на сонот, во спалната соба треба да пронајдете простор за растенија како лаванда, бршлен, алое вера и гербер.
Лавандата има бројни здравствени предности, а подобрувањето на квалитетот на сонот е само една од нив. Апсорбирајќи СО2, лавандата ослободува свеж кислород и го прочистува воздухот. Поради смирувачкиот мирис, се користи во фитотерапии и ароматерапии за лечење на пореметувања како што е анскиозноста, стресот и пореметување на сонот.


Ако не сте љубители на интензивен мирис на лаванда, во спалната соба може да ставите англиски бршлен. Станува збор за растение кое исто така го чисти воздухот, ги отстранува сите токсини и создава опуштена атмосфера за спиење.


Мирен лилјан е билка која ќе го подобри воздухот во спалната соба за дури 60 отсто. Освен тоа, оваа билка ја апсорбира мувлата која преку своите листови ја претвора во храна.
Папрат е растение кое исто така заслужува место во вашата спална соба, бидејќи испушта кислород за време на ноќта и воздухот во спалната вода го прави посвеж и почист. Ова растение се наоѓа на листата на НАСА за најкорисни растенија.

loading...