Еве зошто е добро да јадете киви во овој период од годината

Кивито во овој период од годината е вкусно, сочно и богато со хранливи материи, антиоксиданси и висока концентрација на витамин Ц, дури и повеќе отколку во портокалите и лимоните.


Покрај тоа, ова овошје е и одличен извор на калциум, растителни влакна и витамини А и Е, кои помагаат, односно го намалуваат ризикот од настанување на макуларна дегенерација дури за 36%.

Кивито содржи и лутеин и зеаксантин, соединенија кои ги има во структурата на окото. Лутеинот помага при филтрирање на штетната сина светлина и со тоа го забавува процесот на стареење на очите.

Еве зошто е добро да јадете киви во овој период од годината


Флавонидите и каротеноидите имаат антиоксидативни својства и го штитат телото од слободни радикали. Според некои сознанија, кивито ја штити и ДНК од оксидациски оштетувања, а со тоа и значајно го намалува ризикот на заболување од рак.

Пронајдете не на следниве мрежи: