Еве зошто заштитните ракавици го зголемуваат ризикот од инфекција на коронавирусот: Треба ли да ги носиме?

Loading...

Познат хирург открива дали заштитните ракавици ќе ви помогнат во заштитата од коронавирусот.
Откако коронавирусот почна да се шири низ светот, многу од луѓето почнаа да носат заштитнии маски за лице и ракавици за да се заштитат од инфекцијата.
Се верува дека Ковид-19 може да преживее на тврди површини измеѓу три и девет дена, во зависност од материјалот на површината, па тоа објаснува зошт луѓето се одлучуваат на такви мерки на превенција, пренесуваат од „Дејли Стар“.
Меѓутоа, иако можеби мислите дека носењето ракавици е добра идеја, доктор Каран Ранараџан од Националната здравствена служба во Велика Британија, тврди дека всушност така може да го зголемите ризикот од инфекцијата.


Доктор Каран, хирург кој што има 85.000 следбеници на социјалната мрежа Тик-Ток, објавил видео на кое објаснува зошто миењето раце е многу подобро од носењето ракавици.
„Ќе ви објаснам зошто не треба да носите ракавици кога одите надвор“ – вели докторот на почетокот на видеото, а потоа прстот го става на сината ракавица од латекс која што ја ставил на својата рака.
„Имате ракавици, во супермаркет сте, ги допирате работите“ – додава тој.
Докторот потоа со пенкало ги чкрта ракавиците за да покаже како микробите можат да се прицврстат за материјалот.
„Постојано допирате работи со истите ракавици. Микробите се насекаде околу нас. Ги собирате. На вашата ракавица е наоѓаат многу повеќе микроби отколку на вашите раце, доколку редовно ги миете“ – вели тој.
Хирургот објаснува дека може понатаму да ги ширите микробите доколку го допрете лицето во текот на носењето ракавици.
„А, потоа кога ги менувате ракавиците, можеби случајно ќе се допрете. Само измијте ги рацете, бидете паметни и чувајте се“ – заклучил докторот.

loading...