Еве какви временски услови не очекуваат до крајот на месецов

Времето во земјава денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а дневната од 21 до 27 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната до 25 степени.
Утре во раните утрински и претпладневни часови ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Во наредните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Вака изгледа временската прогноза за месец октомври.

 

Loading...