Еве како заработувале Бајден, Борисов, Обама, Путин, Ердоган, Рама пред да станат политичари

Минатата година, во февруари, пошироката јавност беше изненадена кога дозна дека лидерот на Украина, Володимир Зеленски, бил комичар и актер пред неговата претседателска улога. Но, многу политичари имале интересни занимања пред да станат лидери на нивните земји.

На Твитер профилот на World of Statistics е објавена листа на „Светските лидери биле некогаш“ каде наведуваат што правеле одредени светски лидери во младоста.
Многумина знаат дека Зеленски е познат како комичар во Украина, но не е првпат претседател на една земја да биде комичар. Имено, Џими Моралес, претседателот на Гватемала од 2016 до 2020 година бил комичар.

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, има црн појас во карате, а работел и како телохранител.
Слични занимања имале и канадскиот премиер Џастин Трудо, кој работел како обезбедувач во ноќни клубови, гамбискиот претседател Адама Бароу, кој бил чувар и папата Франциско, кој исто така работел како обезбедувач во ноќен клуб.

Еве како заработувале Бајден, Борисов, Обама, Путин, Ердоган, Рама пред да станат политичари

Некои од првите работни места на американските претседатели може да ве изненадат. Доналд Трамп собирал шишиња, Барак Обама продавал сладолед, а Џо Бајден бил работник за одржување.
Рускиот претседател Владимир Путин имал кариера како таен агент во КГБ, а интересно е што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред студиите продавал лимонада и ѓевреци за да заработи џепарлак. Поранешниот руски премиет Дмитриј Медведев работел како чистач на улици.

На списокот се најде и уште еден политичар од регионот, поточно поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, за кој се вели дека е композитор. Сепак, Јосиповиќ може да се пофали дека е и адвокат. Албанскиот премиер Еди Рама е познат по својот талент за сликање.

Пронајдете не на следниве мрежи: