Еве како може да јадете пица и чоколадо, а истовремено да слабеете

Loading...

Поголемиот дел од луѓето мислат дека губењето килограми подразбира одрекување од чоколадо и пица, но дали оваа констатација е точна во целост?
Фитнес експертот и нутриционист Грим Томлинсон вели дека чоколадото и тестото не се толку лоши по нашата линија на тело и дека и со нив можеме да ослабнеме, доколку следиме едно правило.
Кога станува збор за слабеењето, контролата на порциите кои ги внесуваме во нашиот организам е клучна. Мора да научите да јадете помали порции од вашата омилена храна затоа што доколку ги избирате поголемите порции тогаш може да внесете и трипати повеќе калории во вашиот организам.


На пример, една мала пица има околу 678 калории додека пак големата може да достигне и до 1.900 калории.
Сигурно сте забележале дека продавниците за брза храна и произведувачите на чоколадо нудат мали и екстремно големи порции на храна и чоколади.
На пример една мала чаша кафе има 85 калории додека пак големата има 235 калории. Разликата како што може да воочите е огромна.


Сè е многу едноставно. Не мора да се одрекувате од омилената храна туку доволно е само да бирате помали порции и ќе бидете сигурни дека вашата линија на тело ќе биде под контрола.

loading...