Еве како се храни Меган Маркл: Во работни денови почитува одредени правила, а викендите се почестува!

Loading...

Со пилатес и трчање го одржува телото во топ кондиција, но крие уште по некоја тајна
Покрај фитнес рутината, војвотката од Сасекс Меган Маркл успешно ја одржува својата тежина и верно го следи својот режим на исхрана веќе со години.
Ако додадеме дека мајка и’ е и инструкторка по јога, можеме да кажеме дека Меган нема никаков проблем со линијата. Сака да готви, а нејзината исхрана се заснова најмногу на билки, иако понекогаш се засладува и со забранети слатки.

Со пилатес и трчање го одржува телото во топ кондиција, но крие уште по некоја тајна.
Диета базирана на билки
Понекогаш се почестува со помфрит, вино и сладолед, но клучот е во исхраната базирана на билки, која е природно нискокалорична а му дава на организмот голема количина на влакна.
„Се обидувам да се хранам вегански во текот на неделата и да бидам малку пофлексибилна за време на викендот“, изјавила Меган.

loading...