Еве кога не смеете да користите ѓумбир

Ѓумбирот е многу здрав, а веројатно тоа веќе го знаете од текстовите на интернет порталите кои постојано го споменуваат како намирница која се користи во кулинарството, но и во козметичките производи. Сепак, во некои случаи не смеете да ја консумирате оваа билка.
Ѓумбирот е корен кој ги зајакнува мускулите и го поттикнува варењето, а доколку сте бремени, ваквите стимулации можат да доведат до предвремени контракции. Во раната бременост, ѓумбирот може да ги елиминира мачнините, но немојте да го користите во последните три месеци од бременоста.


Ѓумбирот ја зголемува циркулацијата и протокот на крвта што е одлично за оние кои страдаат од дијабетес или имаат проблем со дебелината. Но, за лицата кои имаат проблеми со коагулација на крвта, тој може да биде многу штетен и може да доведе до обилно крварење дури и кај малите повреди, така што може да го неутрализира дејството на некои лекови.
Доколку земате лекови за висок крвен притисок, ѓумбирот може да има негативно влијание. Оваа билка го намалува ефектот на силните лекови како што се бета-блокаторите, антикоагулансите и инсулинските дози.


Лицата кои пробуваат да ја зголемат телесната тежина не треба да консумираат ѓумбир бидејќи е полн со влакна кои го намалуваат апетитот. Исто така, преголемата консумација на ѓумбир може да доведе до губење на килограмите, опаѓање на косата и нередовен циклус.