Еве кого се следи Никола Груевски на Facebook

Loading...

Од чиста љубопитност отворивме да видиме кого следи на facebook бившиот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.
Груевски следи: Здрава бременост, официјалната „Фејсбук“ страница креирана од Министерството за здравство, фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“, германската канцеларка Ангела Меркел, Македонската православна црква, Европската народна партија (ЕПП), Бигорскиот манастир, официјалната „Фесјбук“ страница на британскиот премиер, страницата „Инвестирај во Македонија“, следбеник е на фан-страниците на неговите најблиски соработници Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Владимир Пешевски и Зоран Ставрески, но ги следи и експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ексградоначалниците Тони Трајковски, Коце Трајановски, Владимир Талески, како и за Никола Попоски, Антонијо Милошоски, Емил Димитриев…
Последната објава на „Фејсбук“ датира од 20 ноември, кога Груевски сподели подолг текст дека Унгарија му доделила политички азил. Под неговата објава има илјадници коментари и стотици споделувања.

loading...