Еве што изјави Лука во полицијата откако физички ја нападна Наташа!

Откако физички ја малтретирал Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ во полиција дал шокантни изјави.

Како што пишува српскиот портал „Ало“, Лука изјавил дека не ја нападнал Наташа.

-Тврдеше дека не ја нападнал, туку дека само ја турнал и дека се кае поради тоа. Изјавил дека Наташа скокнала на него и тој од самодобрана ја турнал, изјавил близок извор.

Додека пак извор за Блиц.рс истакнал дека Лука насилството го нарекол кавга.

„На надлежните им кажал дека Наташа прави драма и дека ништо не и направил, освен што ја фатил за рака и ја турнал. Лука во еден момент се насмеал и истакнал дека Беквалац ги исценирала навредите и повредите. Потенцирал дека таа се променила по породувањето и дека често е љубоморна. Изјавил дека му било жал што воопшто се скарал со неа, вели извор за  Блиц.