Еве што се случува со “Facebook” профилите на починатите луѓе

Комеморативните профили заживеале пред две години, а се работи и на оставање на профилите во туѓи раце ако корисникот почине, а личноста на која и е оставен профилот ќе може со него да управува или да го избрише.
“Facebook” има опција “комеморативни профили”, а сега дополнително ја унапредиле. Станува збор за секцијата “чест”, новата значка додадена на меморијализираните профили на која семејствата и пријателите на починатите лица ќе можат да им оддадат чест и да споделат спомени со нив, пишува “Tech Church”.


“Даваме се од себе да ги одвоиме објавите и последните поздрави од објавите кои корисникот ги објавувал додека бил жив и тоа го правиме на основа на дадените информации за личноста”, пишува на помошната страница на оваа значка.
Комеморативните профили заживеале пред две години, а се работи и на оставање на профилите во туѓи раце ако корисникот почине, а личноста на која и е оставен профилот ќе може со него да управува или да го избрише.
Откако ќе го преземе некој друг, профилот повеќе наликува на страница на која други корисници можат да споделуваат нови содржини и да ги коментираат постоечките.