Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на ЕК на претседателот Пендаровски

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира на претседателот Стево Пендаровски Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија за 2023 година.

– Извештајот, кој го нотира сработеното од првата фаза за почеток на преговорите со скринингот, прикажува и детална слика за состојбите во македонското општество, а дава патоказ за натамошната работа на институциите, како и областите во кои треба да посветиме внимание, објави Пендаровски на фејсбук.

Евроамбасадорот Гир претходно им го врачи Извештајот на ЕК и на претседателот на Собранието Талат Џафери и на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

По повод објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија за 2023, Маричиќ и Гир утре ќе одржат прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.