Евролига: Реал го збриша Макаби, ПАО поведе против Барса

Кошаркарите на Реал Мадрид први изборија учество на завршниот турнир во Евролигата, откако во четвртфиналната серија со чисти 3:0 го елиминираа Макаби.Реал во третиот натпревар, во Тел Авив го совлада Макаби со 69:57. ’Кралскиот клуб’ до победата во Нокиа Арена го предводеа Керол со 16 и Љуљ со 13 поени, најефикасен играч на Макаби на овој натпревар беше Џејмс со 18 поени.Панатинаикос, во Атина, го потврди брејкот кој пред една недела го направи во Барселона, откако во неизвесен натпревар забележа победа над каталонците со 65:63.Гист на пет секунди до крајот погоди само едно од двете слободни фрлања, а во последниот напад Наваро од тешка позиција не успеа да погоди тројка. Брамос со 14, Дијамантидис со 12 и Лазме со 11 поени го предводеа Панатинаикос до победата и предност од 2:1 во четвртфиналната серија. Наваро со 17 и Јасикевичијус со 13 кошеви беа најпрецизни во редовите на Барселона.Четвртиот натпревар од серијата ќе се одигра во Атина во четврток.
МакфаксКошаркарите на Реал Мадрид први изборија учество на завршниот турнир во Евролигата, откако во четвртфиналната серија с

Пронајдете не на следниве мрежи: