Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека во среда повторно ќе ги собере европските лидери околу иста маса за да разговараат за сегашниот геополитички момент и следните чекори на европските земји.Соопштението доаѓа на денот кога руските и американските претставници го одржаа својот прв состанок во Саудиска Арабија за завршување на војната во Украина.Состанокот во Париз ќе ги вклучи европските земји кои не беа присутни претходно оваа недела и Канада, наведува Гардијан.Земјите поканети на овој состанок се Норвешка, Канада, Литванија, Естонија, Латвија, Чешка, Грција, Финска, Романија, Шведска и Белгија.Ден пред средбата, финскиот премиер Петри Орпо даде изјава за медиумите во која ги отфрли барањата на Русија Украина да не може да се приклучи на НАТО.„Целта не може да биде ништо друго освен Украина, како резултат на мировните преговори, да биде суверена држава, која може да аплицира за членство во ЕУ и НАТО ако сака. Иако има мешани пораки кои доаѓаат од САД, негувањето на трансатлантските односи со нашиот најважен сојузник е апсолутно неопходно во оваа ситуација. Безбедноста на Европа и Финска многу зависи од инвестициите на САД“, рече Орпо.
Пронајдете не на следниве мрежи: