Европскиот суд за човекови права ја критикуваше Франција

Loading...

Франција ја нарушила слободата на изразувањето на демонстрантите на коишто им изрекла казна поради навредите на поранешниот претседател Николас Саркози, пресуди во четвртокот Европскиот суд за човекови права во Стразбур.Левичарскиот активист Ерве Еон во 2008 година бил парично осуден на глоба од 30 евра затоа што скокнал пред автомобилот во кој бил тогашниот француски претседател Николас Саркози држејќи во раката транспарент со натпис „Губи се стоко!“.Европскиот суд за човекови права ја оценил оваа казна како претерана, тврдејќи дека со неа е прекршена слободата на изразувањето, бидејќи станувало збор за „сатирична забелешка“.Изразот на транспарентот бил идентичен имено на оној кој и самиот Саркози претходно му го упатил на еден граѓанин кој одбил да се ракува со негов во текот на традиционалниот годишен саем на земјоделието. Тие зборови на Саркози предизвикаа бура од негодувања во медиумите, во кои неговите политички противници истакнуваа дека се однесувал вулгарно.Франција, на чиешто чело сега е социјалистот Франсоа Оланд кој на ланските претседателски избори го порази Николас Саркози, може да се жали на оваа одлука на повисоката истанца на судот во Стразбур.
МакфаксФранција ја нарушила слободата на изразувањето на демонстрантите на коишто им изрекла казна поради навредите на

loading...