Евростат: Најголем ПАД НА ЕКОНОМИЈАТА во еврозоната од 1995 година

Loading...

Бруто домашниот производ во еврозоната падна за 12,1 процент во вториот квартал од оваа година, додека економијата во цела ЕУ се намали за 11,9 проценти, покажаа првите првични проценки на Европската канцеларија за статистика,Евростат. 

Ова е најголем пад откако европските статистичари ја следат економската активност од 1995 година.

Во првичните проценки на БДП за вториот квартал, Евростат објави прелиминарни проценки за 10 земји членки, вклучувајќи ги Белгија, Чешка, Германија, Шпанија, Франција, Италија, Латвија, Литванија, Австрија и Португалија. 

Меѓу земјите за кои Евростат веќе собрал податоци, најголем квартален пад на БДП меѓу април и крајот на јуни е забележан во Шпанија -18,5 проценти. Економиите на Португалија (-14,1), Франција (-13,8), Италија (-12,4), Белгија (-12,2) и Австрија (-10) се намалија за повеќе од 10 проценти. 7) и Германија (-10.1). Најмал пад имаше Литванија (-5,1).

Според европските статистичари, ова е далеку најголем пад на БДП во еврозоната и ЕУ досега. Тие додадоа дека ова е прва проценка заснована врз нецелосни податоци, кои сепак ќе  подлежат на нови преиспитувања.

На 14 август Евростат ќе објави втора проценка за економскиот развој за вториот квартал.

 

loading...