Еврото во благ пад спрема доларот пред заседанието на ECB

Loading...

 Еврото во средата благо ослабе во однос на американскиот долар на меѓународните валутни пазари, ден пред заседанието ан Европската централна банка (ECB), притиснато од загриженоста дека банката може да навести намалување на каматните стапки многу скоро.Во таквите услов, со еврото се тргуваше по 1.3025 американски долари, што значи дека беше во загуба од 0,2 отсто во однос на затворањето од тргувањето во вторникот. Единствената европска валута, пак, остана непроменета во однос на јапонскиот јен, и со неа се тргуваше по 12173 јени. Доларот зајакна и во однос на јенот, за 0,2 отсто, на 93,50 јени.
Во центарот на вниманието и натаму продолжи да биде месечното заседание на европската централна банка (ECB) на коешто засега не се очекуваат промени на сегашната монетарна политика.Челникот на ECB, Марио Драги, би можел на прес-конференцијата, којашто пазарите традиционално ја следат со големо внимание, да сигнализира намалување на каматните стапки многу наскоро. Проекциите од страна на банката на економскиот раст и инфлацијата во еврозоната, најверојатно, ќе бидат на пониски нивоа, што и’ остава повеќе простор на централната банка за намалување на каматните стапки идните месеци.„Во фокусот на вниманието е утрешното заседание на ЕCB. Се очекува дека каматните стапки ќе бидат задржани на 0,75 отсто, но многу повеќе се зборува за тоа како ќе звучи Марио Драги на прес-конференцијата. Очекуваме дека ECB со времето помалку ќе се колеба за намалувањето на каматните стапки, но тоа нема да се случи утре, туку дури во април“, вели за Reuters Камила Сатон, главна валутна аналитичарка во „Scotiabank“.Потоа вниманието на пазарите ќе биде привлечено од дводневното заседание на јапонската централна банка Bank of Japan (BOJ), коешто започнува во четврток. На овој состанок не се почекува промена на политиката, па пазарите вниманието ќе го насочат на следниот состанок кој ќе се одржи на почетокот од април, кога се очекува ревизија на политиките на банката под водство на новиот гувернер Харухико Куродо.Доларот во средата ги зголеми добивките во однос на еврото и јенот, откако најновите податоци од пазарот на трудот покажаа дека американските работодавачи во приватниот сектор отвориле 198 илјади нови работни места во февруари. Таквите бројки покажуваат на натамошно подобрување на ситуацијата на американскиот пазар на трудот.Во потрага по нови насоки,инвеститорите сега вниманието ќе го насочат на клучниот извештај на американската влада за вработеноста кој ќе биде објавен во петок, а им е потребен уште подобар увид во ситуацијата на пазарите на трудот во најголемата светска економија.
Макфакс Еврото во средата благо ослабе во однос на американскиот долар на меѓународните валутни пазари, ден пред з

loading...
Loading...