Еврото главно стабилно пред новите показатели и италијанските избори

Loading...

Еврото во средата остана главно стабилно во однос на доларот и јенот на меѓународните девизни пазари, додека инвеститорите за новите насоки ги чекаа новите економски показатели и италијанските избори.Во ваквите околности, со еврото во средата се тргуваше по 1,3370 американски долари, што значи дека беше во помал загуба, од 0,12 отсто, во однос на затворањето на тргувањето во вторникот. Единствената европска валута остана речиси непроменета во однос на јапонскиот јен и со неа се тргуваше по 125,20 јени.Доларот, пак, за 0,12 проценти зајакна во однос на јенот, на 93,68 јени, и се натаму се одржува во близина на највисокото ниво во последните речиси три години од 94,465 јени на кое се искачи на 11-ти февруари 2013 година.Нови насоки на инвеститорите ќе им дадат новите економски показатели од кои прв на ред е извештајот на лондонската компанија „Markit“ за прелиминарниот индекс на менаџерите на набавката во еврозоната, кој треба да биде објавен во четврток.Во центарот на вниманието на пазарите, како и претходните денови, и натаму се италијанските парламентарни избори коишто ќе се одржат на 24-ти и 25-ти февруари. Доколку изборните резултати дадат расцепкан парламент, со што под прашање ќе биде доведено спроведувањето на структуралните реформи во земјата која силно е погодена од кризата, инвеститорите би можеле да му свртат грб на еврото и да тргнат во продажба на единствената европска валута.На јапонскиот јен накусо поттик му дадоа најновите изјави на премиерот Шинзо Абе дека се намалила потребата од воспоставување јавно-приватен фонд за потребите на купување на меѓународни обврзници.Во меѓувреме, во центарот на вниманието на пазарите се најде британската фунта, забележувајќи го најниското ниво во повеќе од последните осум месеци во однос на американскиот долар и во последните 16 месеци во однос на еврото. Поголемите продажби на фунтата следеа откако беа објавени забелешките од последното заседание на челниците на британската централна банка, кои покажаа дека функционерите се подготвени на натамошно ублажување на монетарната политика.Вниманието на пазарите сега ќе се сврти кон објавувањето на белешките од последниот состанок на челниците на американската централна банка Federal Reserve – Fed. Секој знак дека Fed е блиску до намалување на програмата за купување обврзници може да му даде поттик на доларот.
МакфаксЕврото во средата остана главно стабилно во однос на доларот и јенот на меѓународните девизни пазари, додека инв

loading...