Еврото зајакна откако ECB не навести намалување на каматните стапки

Loading...

Еврото на меѓународните девизни пазари во четвртокот зајакна во однос на американскиот долар откако Марио Драги, челникот на Европската централна банка (ECB) на прес-конференцијата во Франкфурт не даде знаци дека во догледна иднина ќе бидат намалени клучните каматни стапки во еврозоната.

 
Во таквата атмосфера на светските валутни пазари, единствената европска валута во однос на американскиот долар се зголеми за 11,1 отсто и со неа се тргуваше по 1,3109 долари. Доларот, пак, во однос на јапонскиот јен се зголеми за 0,44 отсто, на 94 44 јени.
Во центарот на вниманието на пазарите беа заседанијата на централните банки, на еврозоната – Европската централна банка (ECB), британската – Bank of England (BoE) и јапонската – Bank of Japan (BoJ).
Поизразениот залет на еврото следеше дури по прес-конференцијата по завршувањето на редовното месечно заседание на ECB, на која челникот Марио Драги не сигнализираше можно намалување на каматните стапки во еврозоната во скоро време.
Очекувано, ECB ги задржа сегашните каматни стапки од 0,75 отсто. Во рамките на очекувањата, намалени беа и прогнозите за растот и инфлацијата, што остава простор идните месеци да бидат намалени клучните каматни стапки и да се поддржи економијата на еврозоната којашто е погодена од рецесијата.
„Драги засега не сигнализираше намалување на каматните стапки во идните месеци. Од тие причини сведоци сме на залет на еврото”, реч за Reuters Омер Есинер, главен валутен аналитичар во компанијата „Commonwealth Foreign Exchange”.
Британската фунта од друга страна брзо се опорави по спуштањето на најниското ниво во последните две ипол години во однос на американскиот долар. Со неа се тргуваше по 1.5061 долар, што значи дека била во добивка од 0,3 отсто во однос на претходното затворање на тргувањето во средата., откако британската централна банка не донесе одлука да продолжи со програмата за квантитативно ублажување. BoE воедно ги задржа и рекордно ниските каматни стапки од 0,5 отсто.
Во центарот на вниманието беше и заседанието на јапонската централна бана BoJ, на кое очекувано немаше промена на актуелната монетарна политика, но јенот ослаби во однос на доларот врз база на очекувања за поагресивно попуштање на монетарната политика во Јапонија во скоро време.
Макфакс
Еврото на меѓународните девизни пазари во четвртокот зајакна во однос на американскиот долар о

loading...