ЕВТИН, А НЕОПИСЛИВО ВКУСЕН: Најпопуларниот рецепт за ручек од само 3 состојки!

Понекогаш навистина ни треба ваков рецепт
Едноставната, евтина и достапна храна подготвена на брз и правилен начин носи ручек на трпезата во кој ќе ужива целото семејство.
СОСТОЈКИ:
2 поголеми компири
1 поголема глава поголем кромид
4 виршли
ПОДГОТОВКА:
1. Излупете ги компирите и кромидот и исечете ги на коцки.
2. Ставете масло во подлабока тава, додадете ги компирите и кромидот, а потоа посолете ги.
3. Пржете на тивок оган, мешајќи постојано.
4. Исечете ги виршлите на прстени, а кога компирот ќе се запече, ставете ги во тавата и пржете, постојано мешајќи.
5. Додадете малку вода во тавата, оставете ја на шпорет додека не испари водата и компирот не омекне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.