Египетски нуркачи се обиделе да ја прекинат интернет врската на цел континент

Loading...

Египетската армија уапси тројца мажи откако, наводно се обиделе да ги пресечат подводните кабли што целиот континент го спојуваат на интернет.

Патролата на египетската армија запрела рибарски чамец во близина на пристаништето во Александрија и уапсила тројца нуркачи, изјави портпаролот на армијата на својата службена Facebook страна.
 Нуркачите се уапсени под сомнение дека се обиделе да го пресечат подводниот кабел SEA-ME-WE 4, една од главните врски меѓу Азија и Европа, која оди од франција до малезија, поврзувајќи ја Италија, Северна Африка, Средниот Исток и Јужна Азија.
 Да успееле во својата намера, интернет врската на целиот африкански континент би била прекината, предупредија експертите.
 Слични обиди се случиле и во Дубаи и во Индија.
 Нуркачите поминале само 750 метри од брегот на Александрија кога биле уапсени.
 Не е познат идентитетот на лицата ниту нивниот мотив за такво нешто, ниту колкава штета успеале да направат.
 Sky News јави дека во тој момент интернет конекцијата забавила дури и во Пакистан и во Индија.
 Кабелот е во сопственост на компанијата „Telecom Egypt”, најголемиот интернет провајдер во Египет, од каде соопштија дека штетата ќе биде санирана до крајот на месецот.
Макфакс
Египетската армија уапси тројца мажи откако, наводно се обиделе да ги пресечат подводните кабли што целиот континент г

loading...
Loading...