Египет се уште не го признал Косово

Loading...

Египет се уште не го признал Косово, туку се наоѓа во процес на признавање, прецизира во недела, заменичката на претседателот на Египет, Паркина Хасан Халил Ел Шакрави, по средбата со премиерот на Косово, Хашим Тачи.

Таа денеска, присуствуваше на прославата од петгодишнината на независноста на Косово, к ако специјален пратеник на претседателот на Египет.
 Таа рече дека двете земји делат исти цели и вредности.
 „Почестена сум овде и најавувам дека Египет е на пат да го признае Косово”, рече таа.
 Според неа, ова е многу важен момент за двете земји, кои имаат заедничка култура и историја, а ќе биде потстрек за соработка во многу области.
 Нешто порано, денеска, косовските медиуми јавија дека Египет, веќе го признал Косово.
Макфакс
Египет се уште не го признал Косово, туку се наоѓа во процес на признавање, прецизира во недела, заменичката на претсе

loading...